Струмичкиот фудбалски прволигаш Академија Пандев вечерва го отпушти тренерот Ѓорѓи Стојчев.

Струмичани денес во натпревар од 6.коло на свој терен загубија од Струга ТЛ со 3:0.

На официјалниот клупски Фејсбук стои: „Ти Благодариме Стојчев“.

На првите пет настапи во тековната сезона, Академија Пандев освои седум бодови и е на петтот место.

Академија Пандев во сезоната 2022/23 влезе со поголеми амбиции од сегашниот ефект – помалку од 50 отсто освоени бодови