Дефанзивецот на Барселона, Сержињо Дест би можел да ја игра сезоната 2022 в о италијанската лига. Барселона и Милан постигнаа целосен договор за ангажирање на 21-годишниот фудбалер, објави Џанлука Ди Марцио.
Тој ќе се пресели во миланскиот клуб на позајмица до крајот на сезоната 2022/23.
Шампионот на Италија најверојатно ќе има право да го купи дефанзивецот на крајот од позајмицата.
Сержињо е во Барселона од октомври 2020 година. Неговата трансфер вредност според Трансфермаркт е 18 милиони евра. Договорот на Американецот со клубот е со важност до јуни 2025 година.
Дест оваа сезона се уште нема одиграно ниту еден натпревар за каталонскиот клуб.