Селекторот на македонската репрезентација за фудбалерки до 19 години, Астрит Мерко посакува да ги има на располагање најдобрите за претстојните подготвителни натпревари со кипар и за октомвриските квалификации.
-Овие подготовки и контролни натпревари против Кипар се од голема важност за нас. Треба да работиме напорно оваа недела и што е можно подобро да се подготвиме за квалификациите што не очекуваат во октомври. Се надевам дека на овој собир и квалификациите во октомври ќе успеам да го имам најдобриот состав на располагање. Кипар е одличен противник, ги познаваме добро нивните квалитети, минатата година успеавме да славиме победа над нив со 4:2 во Белорусија. Очекувам постепено да ја креваме нашата форма, верувам дека во октомври ќе бидеме целосно подготвени и во најдобар состав за квалификациите.
Македонските фудбалерки во Турново ќе одиграат два контролни меча против соодветната селекција на Кипар. Првиот натпревар е на 4 септември, вториот два дена подоцна.
Мерко се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Берна Кабакчи (Бергх, Холандија), Кристина Павлоска (Кул);
Одбрана: Едина Сулејмани (Ас Јунајтед), Сара Ефтинџиоска (Деспина), Миа Головска (Скопје), Матеа Блажеска (Скопје), Ефимија Цунева (Тиверија);
Среден ред: Кристина Мојсоска (Ас Јунајтед), Радица Велкова (Тиверија), Ера Стеблева (Ас Јунајтед), Михаела Настевска (Деспина), Сара Мена (Ас Јунајтед), Ива Здравеска (Кул), Никита Стојчевска (Розенгард, Шведска);
Напад: Ивана Кузманоски (Англија), Еда Далипи (Ас Јунајтед), Лора Сулејмани (Гпсо 92, Франција), Билјана Панеска (Тиверија), Веса Села (Ас Јунајтед), Јехона Велиу (Грасхопер, Швајцарија), Ајна Исејни (Цирих Фрауен, Швајцарија), Симона Мејиер (Кул).