Фудбалерот на Барселона, Пјер – Емерик Обамејанг, бил ограбен вчеравечер во својот дом во Кастелделфес, јавија денеска шпанските медиуми.
Четворица мажи му се заканиле нему и на неговата сопруга со огнено оружје и метални прачки.
Обамејанг бил удрен во брадата со прачка, а неговата сопруга добила удар во главата.
Разбојниците од семејниот сеф украле накит и побегнале со бело Ауди А3.
Ова не е прв пат семеен дом на играчи на Барселона да биде ограбен.
Цел на крадци во 2018 година беше и Жорди Алба.