Фудбалерите на јапонска Урава се први финалисти во азиската Лига на шампиони, откако попладнево го совладаа Јеонбук Моторс од Јужна Кореја на пенали со 5-3.
Натпреварот во регуларниот дел заврши 1-1, а двете екипи постигнаа по еден гол во продолженијата.
Вториот финалист и противник на Урава ќе биде познат дури во февруари идната година, бидејќи азиската Лига на шампиони е поделена во две географски зони.
Урава има две титули во азиската Лига на шампиони (2007, 2017), а рекордер е актуелниот бранител на трофејот Ал Хилал од Саудиска Арабија со четири титули