Фудбалерот на Реал Сосиедад и шведски репрезентативец Александер Исак ќе ја продолжи кариерата во англиски Њукасл, пренесуваат денеска британските медиуми.
Двата клуба се договорија за обесштетување за услугите на шведскиот напаѓач во износ од 70 милиони евра плус пет милиони евра во бонуси што е рекорден износ во историјата на Њукасл, премиерлигашкиот клуб кој од лани е во сопственост на саудиски фонд.
Исак (22) е меѓу најперспективните европски напаѓачи, а во Реал Сосиедад дојде во 2019 година од Борусија Дортмунд.
Договорот со Реал Сосиедад му истекуваше во јуни 2024 година