Премиерлигашот Челзи подготвува трета понуда за Евертон за играчот од средниот ред Ентони Гордон, објави „Скај спортс“.

Сините подготвуваат да понудат околу 60 милиони фунти за 21-годишниот Англичанец. Цената вклучува бонуси за успешните настапи на играчот.

Евертон претходно одби две понуди од Челзи од 40 и 45 милиони фунти.

Гордон е „дете“ на Евертон. Минатата сезона забележа 40 настапи за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и три асистенции.

Порталот „Transfermarkt.com“ го оценува играчот на 18 милиони фунти. Договорот на Гордон со клубот е со важност до 2025 година.