Македонската репрезентација составена од фудбалерки до 15 години, од денес до 29 август ќе учествува на УЕФА развоен турнир во Стара Пазова, Србија.
За претстојниот контролен турнир повикани се следните фудбалерки: Михаела Марковска (Топ Гол), Александра Ристевска (Топ Гол), Јована Јованоска (Деспина), Тајна Грозданоска (Порече), Теона Галабовска (Тиверија), Ангела Блажева (Тиверија), Настасја Накова (Тиверија), Теодора Настова (Речица), Мелани Стаменковска (Каменица Саса), Меланија Грозданова (Скопје), Мила Панева (Скопје), Канита Емини (Скопје), Андреа Коловска (Скопје), Искра Смилевска (Скопје), Сара Атанасовска (Скопје), Мила Стојановска (Скопје), Ева Величковска (Скопје), Ања Петрушевска (Антонија Спиркоска (Зулте Варегем, Белгија), Миа Закев (ССК 1965).
Противнички на Македонките ќе бидат соодветните репрезентации на Србија, Велс и Чиле.
Првиот дуел „црвено-жолтите“ го играат против Велс на 24 август. Два дена подоцна се среќаваат со Србија, а во последниот натпревар (29 август) ривал ќе им биде Чиле.