Трофејниот бразилски фудбалер Дани Алвеш е нов член на мексиканскиот прволигаш УНАМ Пумас, потврди денеска клубот од Мексико Сити.
Алвеш ова лето ја напушти Барселона откако му истече договорот, а со мексиканскиот клуб потпиша договор на една година, со можност за едногодишно продолжување на соработката.
УНАМ Пумас минатата сезона заврши на 11 место во мексиканското првенство, а последен пат националната титула ја освои во 2011 година.
Алвеш во кариерата настапуваше за Баија, Севиља, Барселона, Јувентус, ПСЖ и Сао Паоло, а за бразилската репрезентација одигра 124 натпревари.