Новиот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски, изјави оти е подготвен да испише историја во дресот на каталонскиот клуб каде дојде ова лето од Баерн Минхен за сума од 50 милиони евра.

„Подготвен сум да биде дел од овој клуб со богата историја, да испишам нови историски страници и освојувам трофеи“, им изјави Левандовски на новинарите во Мајами каде Барселона се наоѓа на претсезонска турнеја.

Барселона во средата го совлада Интер од Мајами со 6-0, а во рамки на американската турнеја претстојат и натпревари против Реал Мадрид во Лас Вегас, против Јувентус во Далас и против Њујорк во Њу Џерси.