Фудбалерките на Англија изборија пласман во полуфиналето на ЕВРО2022, откако синоќа пред 29.000 гледачи на домашен терен во Брајтон ја совлада Шпанија по продолженија со 2-1.

Шпанките поведоа во 54. минута со голот на Гонзалес, но шест минути пред крајот на натпреварот израмни Тун.

Пласманот во полуфиналето на Англија и го обезбеди Стенвеј во 96 минута.

Англија во полуфиналето ќе игра со поуспешниот од дуелот меѓу Шведска и Белгија.

Во преостанатите две четвртфинални натпревари се среќаваат Германија – Австрија и Франција – Холандија.