- „Многу сум среќен што се приклучувам на Барселона. Последните неколку денови беа долги, ова е ново поглавје во мојот живот и нов предизвик за мене. Јас сум играч кој сака да победува“, изјави Роберт Левандовски за шпанскиот клуб, дополнувајќи дека не мисли само на натпревари, туку и на титули

На 16 јули Барселона објави за договорот со играчот на Баерн Минхен кој ќе биде потпишан до 2025 година со можност за продолжување.

Во осум сезони поминати за Баерн, Левандовски постигна 344 голови со 72 асистенции во 375 натпревари