Рекордите за присуство на публика на Женско Европско првенство во фудбал беа надминати откако на воведниот натпревар 68.871 публика гледаше како домаќините Англија ја совладаа Австрија со 1:0.
Заклучно натпреварот помеѓу Франција и Белгија во четвртокот, вкупно 239.902 гледачи беа присутни на првите 15 натпревари од првенството, односно 248,075 публика на половин пат до финалето.
Пред воведниот натпревар од овогодинешното Женско Европско првенство во фудбал, рекордот од публика за еден финален натпревар беше 41.301, поставен кога Германија ја победи Норвешка во финалето во 2013 година во Шведска.
Се очекува рекордот да биде срушен на финалето на Вембли на 31 јули.
Претходниот рекорд за групен натпревар беше 29.092 при победата на Англија со 3:2 над Финска на стадионот Манчестер во 2005 година.
Друг рекорд е забележан на наптрпеварот помеѓу Шпанија и Финска во Милтон Кејнс, кога 16.819 публика беше присутна на натпревар кој не ја вклучува нацијата домаќин, освен финале. Тој рекорд траеше 24 часа, кога 21.342 се појавија во Шефилд за натпреварот на Холандија против Шведска.
Претходниот турнирски рекорд беше поставен на финалето во 2017 година со 240.055 пулблика.