Развиорено знаме на Црна Гора на кое можеше да се види „отцепен“ дел од црногорската територија со порака „Вие сте следни“ беше развиорено на реванш натпреварот од 1. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига меѓу Љапи и Будуќност одигран синоќа во Приштина.

Провокации на трибините имаше и пред една недела на дуелот во Подгорица, а инцидентите се пресликаа на трибините и на реваншот на стадионот „Фадиљ Вокри“, објави подгоричкиот весник „Вијести“.

Натпреварот почна со неколку минутно задоцнување.

Будуќност обезбеди пласман во 2. квалификациско коло, откако на реваншот во Приштина одигра 2-2 и ја зачува предноста од 2-0 од првиот натпревар во Подгорица.