Премиерлигашот Челзи продолжува да го составува тимот за новата сезона со квалитетни фудбалери, а последниот во низата засилувања е досегашниот 31-годишниот сенегалски дефанзивец од Наполи, Калиду Кулибали.

Сите детали меѓу двата клуба и играчот веќе се договорени, а Кулибали вчера пристигна во Лондон на задолжителните медицински прегледи.

Според најавите, потоа ќе следи официјалното потпишување на петгодишен договор и Кулибали ќе замине за САД за да им се приклучи на новите соиграчи кои се на американска турнеја.

Челзи договори три пријателски натпревари на турнејата во САД, против мексикански Клуб Америка, на 17 јули во Лас Вегас, на 21 јули против локалниот Шарлот и на 23 јули против лондонски Арсенал во Орландо.