Најтрофејниот фудбалер во историјата на шпанскиот првак Реал Мадрид, Бразилецот Марсело, сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, а на негова адреса пристигнале пет понуди од четири различни лиги.

На Марсело ова лето му истече договорот со Кралскиот клуб, во чии редови мина 15 години и освои 25 трофеи.

За услугите на Марсело се заинтересирани Милан, Олимпик Марсеј, Фенербахче, Трабзонспор и Реал Ваљадолид, чиј сопственик е неговиот сонародник Роналдо.

Еден од најдобрите леви бекови на сите времиња, роден во Рио де Женеиро, одигра во дресот на мадридски Реал 545 натпревари, а за репрезентацијата на Бразил настапи 58 пати.