Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Миралем Пјаниќ може да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Интерес за играчот покажува тимот на Ал-Наср, објави „Sport.es“.

Неодамна, Руди Гарсија, кој работеше со Пјаниќ кога двајцата ја претставуваа Рома, ја презеде функцијата главен тренер на овој тим.

Барселона е подготвена да го ослободи 32-годишниот фудбалер за да заштеди на неговата висока плата.

Пјаниќ минатата сезона играше за Бешикташ на позајмица. За турскиот клуб одигра 26 натпревари и даде четири асистенции.

Неговиот договор со Барселона истекува во јуни 2024 година. Порталот „Трансфермаркт“ го проценува играчот од средниот ред на 11,5 милиони евра.