Македонската машка кадетска одбојкарска репрезентација не успеа да се пласира во полуфиналето на Балканското првенство во Нови Сад, откако вечерва во решавачкиот натпревар загуби од фаворитот Бугарија со максимални 3:0 во сетови (25:11, 25:19, 25:14).
Избраниците на селекторот Ванче Санев го освоија третото место во групата Б и утре за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Босна и Херцеговина во првиот дуел од разигрувањето за пласман од 5. до 7. место на Балканијада во Нови Сад.
Во случај на победа, Македонија в сабота ќе игра против Романија за петтото место, а со евентуален пораз ќе заврши последно п асирана.