Премиерлигашот Челзи може да почне со ангажирање нови фудбалери, откако новиот сопственик на лондонскиот клуб, Тод Боли, одобри значителна сума за засилувања, јавија денеска британските медиуми.

Според лондонскиот весник „Дејли мејл“, прв кој би можел да потпише за Челзи е напаѓачот на Лидс, Рафиња, кој за околу 70 милиони евра би можел да се пресели на „Стенфорд бриџ“.

Лондонскиот премиерлигаш е заинтересиран и за фудбалерите на Манчестер сити, Рахим Стерлинг, Натан Аке и Александар Зинченко, и играчот на Барселона, Осман Дембеле.

Британските медиуми наведуваат дека прв на листата желби на тренерот на Челзи, Томас Тухел, е дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт