Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос ќе одлучува за својата иднина следната сезона.
Според шпански „AS“, мадридскиот клуб се уште не успеал да се договори со 32-годишниот играч од средниот ред за продолжување на договорот кој е со важност до 30 јуни 2023 година.
Забележано е дека Германецот може да остане во Реал Мадрид или да ја заврши кариерата.
Крос минатата сезона постигна три гола и имаше три асистенции на 44 настапи за „Кралевите“ во сите натпреварувања.