Аргентинскиот крилен напаѓач Анхел Ди Марија (34) објави дека ќе се збогува со настапите во репрезентативниот дрес по Мундијалот чиј домаќин во ноември и декември ќе биде Катар.
– По ова Светско првенство ќе биде време да и кажам збогум на репрезентацијата. Има многу, многу играчи, кои се на репрезентативно ниво и се сè подобри и подобри, изјави Ди Марија, кој ова лето ќе го напушти ПСЖ, но сè уште не одлучил за својот нов клуб.
Ди Марија има 121 натпревари и 24 голови за аргентинската репрезентација во својата кариера. Тој лани во финалето на Копа Америка беше стрелец на победничкиот гол со кој Аргентина го победи Бразил и го освои своето прво големо натпреварување по пауза од 28 години