Во финалето на Купот на Македонија екипата на Македонија ЃП триумфираше над Силекс по пенал серијата која ја добија „лавовите“ од Ѓорче Петров со 4:3.
На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје немаше голови во регуларните 90 минути, ниту во двете продолженија.
Херој на Македонија ЃП беше голманот Христијан Стевковски кој успеа да одбрани два пенали.
Голот за победа и освојување на трофејот го реализираше Сефер Емини во петтата последна серија на удари од белата точка.
Ова беше втора куп титула во историјата на Македонија ЃП, првата ја освои во 2006 година. А Силекс кој ја бранеше титулата од минатата година, остана на три куп трофеи.