Фудбалскиот клуб Тиквеш соопшти попладнево дека не прифаќа баражот за место во Првата македонска фудбалска лига против Воска в недела да го игра во Скопје, туку како што првично беше одлучено во Прилеп.

Во клупската реакција се наведува дека одлуката Прилеп да биде домаќин на баражот е донесена на заедничкиот состанок меѓу претставници на Тиквеш, Воска и Комесарот за безбедност на ФФМ по извршената жрепка попладнево во ФФМ.

– Но, по неколку часови од необјасниви причини дојде до промена на местото на одигрување на натпреварот. Ние како клуб не прифаќаме промена на местото на одигрување на овој натпревар бидејќи официјално на денешниот состанок помеѓу двете екипи беше одлучено мечот да се одигра во Прилеп, соопшти клубот од Кавадарци