Ден по завршувањето на сезоната во германското фудбалско прв енство, раководството на бундеслигашот Волфсбург и тренерот Флоријан Кохфелт договорија спогодбен раскин на соработката.

Волфсбург ја заврши сезоната на скромното 12. место, далеку од посакуваниот пласман во некои од европските купови.

Волфсбург не е единствениот германски прволигаш, кој по последното коло изминатиот викенд во Бундеслигата стана без тренер.

Борусија Менхенгладбах и Аугсбург, исто така, ќе имаат нови стратези на клупите, бидејќи Ади Хутер и Маркус Вејнцел поднесоа оставки.