Холандскиот стратег Алфред Шројдер е нов тренер на холандскиот фудбалски гигант Ајакс, потврди денеска клубот од Амстердам.

Ајакс потпиша договор на две години со Шројдер, кој на клупата на клубот од Амстердам ќе го замени тренерот од следната сезона на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг.

Шројдер, кој оваа сезона седи на клупата на белгиски Бриж, во текот на својот прв престој во Ајакс ја освои холандската титула и купот, и го однесе клубот до полуфиналето во Лигата на шампиони.

– Да се биде тренер на Ајакс е голема чест и можност. Сакам да освојувам трофеи со тимот кој игра атрактивен фудбал. Екипата поседува исклучителен баланс на искуство и младост меѓу талентирани играчи, изјави Шројдер.