Менаџерот на Астон Вила и поранешен играч на Ливерпул, Стивен Џерард вечерва во рамките на Премиер лигата се соочува со клубот за кој има повеќе од 700 настапи – Ливерпул.

Во интервју за „Sky Sports” тој изјави дека нема простор за емоции.

– Мојата работа е да ги освојам трите бода, вели тој.

Џерард го презеде тимот на Астон Вила минатиот ноември. Вила моментално се наоѓа на 11 позиција на табелата, додека, Ливерпул е на второто место.