Екипата на Монако синоќа го совлада Лил на гостински терен со 2:1 во 36. коло од Францускиот фудбалски шампионат. „Монегаски“ ја забележаа осмата победа во низа во Лига 1. Ова е најдобрата актуелна победничка серија во топ 5 лигите во Европа (Франција, Шпанија, Италија, Германија и Англија).

Монако последен пат имаше слична серија во Лига 1 од февруари до август 2017 година – 16 победи во низа.

По 36 одиграни натпревари во тековната сезона, Монако е на 2. место во домашното првенство.