Шпанскиот фудбалски гигант Барселона е на чекор да потпише договор со бугарскиот 16-годишен дефанзивец Мартин Георгиев, кој сега го носи дресот на Славија од Софија, јавија денеска шпанските медиуми.

Иако има само 16 години, Георгиев веќе избори место во првиот тим на Славија и собра седум сениорски настапи во оваа сезона од кои шест во бугарската Прва лига.

Фокусот на Барселона јакнење на младинскиот погон што се покажа како исправна политика со внесувањето во сениорскиот тим на Ансу Фати, Педри, Гави, Никола Гонзалес и Роналд Араухо.