Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа со што ги мотивирал своите избраници пред полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер сити.
– Тоа беше видео од сите наши враќања оваа сезона. Беа осум, а по завршување на видеото им посочив дека ни треба уште еден „кам-бек“, изјави Анчелоти за „ESPN“.
Во првиот натпревар „граѓаните“ го победија Реал со резултат 4:3, а синоќа на реваншот во Мадрид беше 3:1 за шпанскиот клуб.
Реал на 28 мај во финалето во Париз ќе игра со Ливерпул.