Македонската фудбалска репрезентација составена од играчи до 15 години, денеска го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Кипар.

На градскиот стадион во Младост, Струмица, „црвено-жолтите“ одиграа под очекувањата, особено во второто полувреме и беа поразени со 3:1.

Кристос Лоукаидис во период од 7 минути, во 52 и 59 минута успеа да постигне два погодоци за предност на Кипар од 2:0. Мариос Ставринидес во 58 минута го постигна и третиот погодок за убедлива предност на гостите. Конечниот резултат го постави Горазд Ристовски во 61. Минута.

Првиот натпревар одигран помеѓу овие две селекции пред два дена заврши со победа на македонската репрезентација со 3:1.