Агентот на фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез вечерва демантираше трансфер на неговиот клиент.

– Не размислуваме за трансфер, тој е во Интер, среќен е, градот е прекрасен. Понекогаш печатот пишува за трансферот, но Лаутаро размислува за клубот, да им приреди радост на луѓето, да станат шампиони и сè уште да се стремат кон трофеи, изјави агентот на Мартинез.

Претходно беше објавено дека тренерот на Арсенал, Микел Артета инсистира да го купи 24-годишен играч.

Напаѓачот оваа сезона на 45 натпревари постигна 21 гол и имаше три асистенции.

Договорот на Мартинез со Интер истекува во 2026 година.