Германскиот фудбалер Томас Милер го продолжи договорот со Баерн Минхен до 2024 година, соопшти попладнево бундеслигашот.

Милер целата своја кариера го носи дресот на Баерн со кој првиот професионален договор го потпиша во 2008 година.

Баерн годинава ја освои десеттата шампионска титула во серија во Германија, а 32-годишниот Милер својот 11 трофеј, со што стана првиот играч во историјата на германскиот фудбал кому тоа му успеало.

Милер за Баерн има одиграно 624 натпревари, а за германската репрезентација настапи на 112 натпревари и ја освои титулата светски првак 2014 година во Бразил.