Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, изрази уверување дека ќе продолжи да го води тимот и следната сезона.

– Денес можам да кажам со 100% сигурност дека останувам во Пари Сен-Жермен. Истото важи и за Килијан Мбапе, го цитира Покетино новинарот Фабрицио Романо.

Претходно беше објавено дека аргентинскиот стручњак би можел да се врати во Тотенхем.

Договорот на Килијан Мбапе со ПСЖ е со важност до крајот на јуни 2022 година. Парижаните во моментов не најавија продолжување на договорот со напаѓачот