Португалскиот фудбалски гигант Бенфика постигна начелна согласност со Германецот Роџер Шмит за негов ангажман на тренерското место од новата сезона.

Португалскиот клуб ќе потпише договор со Шмит до јуни 2024 година.

Германскиот стратег стекна углед тренирајќи ги австриски Салцбург и германски Баер Леверкузен, а од 2020 година го предводи ПСВ Ајндховен и неговиот договор со холандскиот клуб истекува на крајот на сезоната.

На клупата на ПСВ ќе го замени поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Руд ван Нистелрој.