Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек го откажа настапот на ВТА 1000 турнирот во Мадрид поради повреда на десното рамо, објавија денеска организаторите.
Турнирот во главниот град на Шпанија почнува утре, а полската тенисерка беше меѓу главните фаворитки за титулата.
Швјонтек зад себе има серија од 23 натпревари без пораз и четири освоени турнири годинава.
Таа триумфираше на ВТА 1000 турнирите во Доха, Индијан Велс и Мајами, а во неделата го освои и турнирот во Штутгарт, совладувајќи ја во финалето Белорусинката Арина Сабаленка.