Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, доживеа денеска сообраќајна несреќа во која не е повреден, јавија британските медиуми.

Истите извори прецизираа дека ниту еден вмешан во оваа несреќа не е потешко повреден, пренесе агенцијата Бета.

Во таборот на Јунајтед очекуваат 27-годишниот Фернандеш да тренира со тимот подоцна денеска пред утрешниот премиерлигашки дуел против Ливерпул на гостински терен.

Јунјатед е петтопласиран на табелата со 54 бодови, три помалку од Тотенхем на четвртото место, кое носи настап во Лигата на шампиони идната сезона.