По речиси полни десет години соработка меѓу премиерлигашот Барнли и тренерот Шон Дојч, двете страни денеска се разделија.
Барнли го отпушти 50-годишниот тренер во сезоната во која се бори да избори опстанок во Премиер лигата, а петте порази на последните шест натпревари го спуштија клубот во зоната на испаѓање, четири бодови зад Евертон на 17. место.
Дајч седеше на клупата на Барнли од 2012 година, и во изминатата деценија два пати избори промоција во Премиер лигата.
Од клубот, засега, не го објавија името на наследникот на Дајч.