Македонската футсал репрезентација вчеравечер загуби од селекцијата на Франција до 23 години со 3:0.
Во Спортскиот центар „Борис Трајковски” противникот сосема заслужно успеа да оствари нова победа над нашите фудбалери. Првиот погодок на средбата го постигна Нама Траоре во 18. минута. Во 24. минута Мелание Анатоле погоди за предност на Франција од 2:0. Конечните 3:0 ги постави Бетгха Хаус во 32. минута од мечот.
Ова е втор пораз за „црвено-жолтите“, откако и првиот контролен меѓусебен натпревар го загубија (3:5).