Карло Анчелоти е третиот тренер кој успеал да избори учество помеѓу четирите најдобри во фудбалската Лига на шампиони.

Италијанецот синоќа со Реал Мадрид се пласира во полуфиналето, со вкупен резултат 5:4 го победи Челзи (2:3, 3:1).

Шеесет и двегодишниот стручњак стана третиот тренер кој осум пати стигнал до полуфинале. Во 1999 година неговиот Јувентус играше во 1/2 финалето, во 2003, 2005, 2006 и 2007 година – Милан, додека во 2014, 2015 и 2022 година – Реал.

Покрај Анчелоти, вакво достигнување имаат уште и Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо.

Анчелоти стана првиот тренер кој четири последователни децении стигнал до 1/2 финалето во Лигата на шампионите.