Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино им се обрати на навивачите пред натпреварот против Марсеј во 32. коло од Лига 1.

– Натпреварот против Марсеј е посебен. Навивачите може да бидат незадоволни, ние нормално третираме критики. Се надеваме дека во следниот натпревар нашите навивачи ќе ја поддржат екипата. Ќе дадеме се од себе за да победиме. Неопходно е да се одржи имиџ на силен ПСЖ, изјави Покетино за „Goal“.

Натпреварот ПСЖ – Марсеј ќе се одигра на 17 април.

Парижаните со 71 бод се на 1. место во поредокот, Марсеј е втор со 59 освоени бода.