На турнирот „Златен појас на Чачак“ одржан викендот, каратистите на Макпетрол се закитија со шест медали, по два златни, сребрени и бронзени.
Златни медали освоија Јована Мицовска и Стефан Стојановиќ, со сребро се закитија Марија Петровска и Данило Божовиќ, додека Сара Радичевска и Моника Пендаровска освоија бронзени одличја.
Тренерот Петар Заборски е задоволен од постигнатите резултати.
– На овој силен натпревар заминавме со вкупно 13 спортисти. Турнирот е најсилен регионален турнир посебно за балканскиот простор и тоа првенствено во сениорска и младинска конкуренција, учеството на националните репрезентации од 14 држави само по себе говори , дека имаше извонредно квалитетна конкуренција. Ние успеавме да освоиме вкупно 6 (шест) медали, и куриозитет тоа што вториот ден на генералната листа на клубови по број на освоени медали го освоивме третото место, истакна Заборски.
На турнирот учествуваа вкупно 111 клуба од 14 држави.