Водечкиот во генералниот пласман во Формула 1, Шарл Леклер (Ферари) ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Австралија.
Возачот на Ферари претпладнево во квалификациите постигна најбрзо време пред возачите на Ред Бул, Макс Верстапен и Серхио Перез.
Од четвртата позиција ќе стартува Ландо Норис, додека зад него ќе биде тандемот на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел.
Пласман до десеттото место обезбедија Рикардо, Окон, Саинц и Алонсо.