ЕУ досега замрзна речиси 30 милијарди евра имот од руски и белоруски поединци и компании кои се на црната листа под санкциите воведени поради руската инвазија врз Украина.

Вкупно 29,5 милијарди евра „вклучувајќи средства како што се јахти, хеликоптери, недвижен имот и уметнички дела“ се запленети и блокирани се уште 196 милијарди евра трансакции, се вели во соопштението на Европската комисија.

Податоците на ЕУ беа делумни, засновани на информации од околу половина од 27-те земји-членки на ЕУ дадени на работната група „Замрзнете и Конфискувајте“ на блокот која работи во координација со партнерите од Г7, вклу чително и САД.