Русија воведе санкции за граѓани на Австралија и на Нов Зеланд, вклучувајќи и претседателите на владите на двете држави, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Забрана за влез во Русија е воведена за 228 членови на австралиската Влада и пратеници во Парламентот во Канбера, вклучувајќи го и премиерот Скот Морисон.

Според руското МНР, тоа е одговор на санкциите што против Русија, ги воведе Канбера „послушно следејќи ги одлуките на Запад“.