Тренерот на Барселона, Чави се пожали на состојбата на теренот во Франкфурт во Лига Европа против Ајнтрахт (1:1).
– Топката не се движеше. На „Камп Ноу“ се ќе биде поинаку, тревникот ќе биде подобар. Ни треба истата бучна поддршка како што беше на нивниот стадион. Атмосферата беше извонредна. Но, тоа не влијаеше на нас. Тоа не е причината зошто не бевме толку добри како на последните неколку натпревари. Противникот изгради добра дефанзивна игра. Не знаевме како да нападнеме. Теренот беше многу тежок. Сè ќе се промени на „Камп Ноу“. Ајнтрахт беше многу мотивиран, изјави предводникот на каталонскиот фудбалски великан.
Реваншот во Барселона ќе се игра на 14 април.