Шесте натпревари од 26 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) донесоа попладнево само една победа на домашните екипи со триумфот на Тиквеш над Струга.
Лидерот Шкупи освои само бод на гостувањето кај градскиот ривал Скопје, додека актуелниот првак Шкендија под водство на новиот тренер Артим Шакири победи на гостувањето во Битола против Пелистер.
Скопје – Шкупи 0-0, Борец – Академија Пандев 1-1, Брегалница – Работнички 0-3, Пелистер – Шкендија 0-2, Ренова – Македонија ЃП 0-2, Тиквеш – Струга 2-0.
Табела: Шкупи 62,, Шкендија 51, Македонија ЃП 49 Академија Пандев 49, Ренова 37, Брегалница 37, Работнички 34, Струга 33,Скопје 26, Тиквеш 24, Борец 15, Пелистер 10.