Франција ќе понуди финансиски и човечки ресурси за поддршка на истрагите за масакрите што им се припишуваат на руските сили во Украина, соопшти Елисејската палата по разговорите меѓу претседателите на Франција и Украина, Емануел Макрон и Володимир Зеленски.

Макрон истакнал дека неговата земја е подготвена да ја поддржи „меѓународната правда и да придонесе во истражувањето и документирањето на насилството врз цивилите, како и за одговорноста на Русија”.

Париз финансиски ќе ја поддржи работата на на Меѓународниот кривичен суд со дополнителни 490 илјади евра, како и 13 милиони евра годишно, се вели во соопштението од Кабинетот на Макрон.

Франција, исто така, се понудила да испрати „технички тим во Украина за да ги испита доказите за извршените злосторства”