Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска виртуелно ќе се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации. Тоа е негово прво обраќање пред СБ на ОН од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Се очекува Зеленски да побара построги санкции за Русија.

Се претпоставува и дека западните земји, вклучително САД, Велика Британија и Франција да ја обвинат Русија за воени злосторства.

Русија негира дека цивили се цел на нејзините напади во Украина и достави до ОН докази дека руските сили не биле вклучени во воени злосторства.