Фудбалерот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Сав иќ може да ја продолжи кариерата во Манчестер јунајтед, пишува „Кориере дело Спорт“.
Според италијанскиот весник, англискиот клуб може уште еднаш да се обиде да го добие потписот на 27-годишниот Србин, кој би можел да стане замена за Пол Погба доколку го напушти клубот.
Милинковиќ-Савиќ оваа сезона забележа 40 настапи за Лацио, постигна девет голови и 10 асистенции.
Порталот „Трансфермаркт“ го цени играчот на 70 милиони евра.