Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ги заврши подготовките во Скопје за претстојниот квалификациски турнир на УЕФА во рамки на Б дивизијата.
Македонските јуниорки од 6 до 12 април ќе се обидат да изборат пласман во А дивизијата во конкуренција на домаќинот на квалификацискиот турнир Словенија и репрезентациите на Лихтенштајн и Молдавија.
Прв противник на избраничките на селекторот Астрит Мерко на стадионот „Портовал“ во Ново Место ќе биде Лихтенштајн, в среда (17:30 часот), по што следат дуелите против Молдавија (сабота, 17:30 часот) и Словенија (вторник, 16:30 часот).
Селекторот Мерко повика 21 фудбалерка, меѓу кои и четири интернационалки:
Голмани: Берна Кабакчи (Бергх, Холандија), Јана Луба Зврлевска (Скопје 2014);
Одбрана: Александра Јовановска (Борец), Ефимија Цунева (Тиверија), Едина Сулејмани (Асс Јунајтед), Ана Милчевска (Истатов 2015), Викторија Недева (Тиверија), Миа Головска (Скопје 2014), Сара Ефтинџиоска (Деспина), Дајана Ристовска (Каменица Саса);
Среден ред: Ера Стеблева (Асс Јунајтед), Радица Велкова (Тиверија), Ангела Зафироска (Деспина), Кристина Мојсоска (Асс Јунајтед);
Напад: Јехона Велиу (Грасхопер Клуб Цирих, Швајцарија), Теа Божиновска (Скопје 2014), Оливера Цоклеска (Асс Јунајтед), Бојана Петкова (СЦ Истатов 2015), Еда Далипи (Асс Јунајтед), Ивана Кузмановски (Лондон Сити, Англија), Лора Сулејмани (ПСЖ Парис, Франција).